Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0.1 %, а на годишно ниво се повисоки за 5.0 %.
Во март 2023, во споредба со февруари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.4 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.3%.
Во март 2023, во споредба со март 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 5.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.0 %.