Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2023 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.4 %, а на годишно ниво за 1.6 %.
Во април 2023, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.3 % и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.6%.
Во април 2023, во споредба со април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.8 %, а се повисоки во секторот Преработувачка
индустрија за 1.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17.1 %.