Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0.9 %, а на годишно ниво за 0.7 %.
Во јули 2023, во споредба со јуни 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.6 %.
Во јули 2023, во споредба со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 18.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 9.4 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.5 %.