Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2024 година, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.7 %, а на годишно ниво за 0.2 %.
Во мај 2024, во споредба со април 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7.9 %, во секторот Преработувачка индустрија
за 0.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3 %, додека во секторот
Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат
непроменети.
Во мај 2024, во споредба со мај 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, a се повисоки во секторот Рударство и вадење
на камен за 11.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 % и во
секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за
1.6 %.