Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а се пониски за 2.5% на годишно
ниво.
Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се пониски за 1.3%, а се повисоки во секторот Преработувачка
индустрија за 0.5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4%.
Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.3% и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.0%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија
за 3.7%.