Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2015, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.4% на месечно ниво, а за 5.5% на годишно ниво.
Во октомври 2015, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4%, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.3%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5%.
Во октомври 2015, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8.9% , во секторот Преработувачка
индустрија за 5.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.7%.