Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2016, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а се пониски за 4.1% на годишно ниво.
Во април 2016, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.1%, во секторот Преработувачка индустрија
за 0.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.2%.
Во април 2016, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.8%, а се пониски во секторот Преработувачка
индустрија за 5.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%.