Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.1% на месечно ниво, а се пониски за 3.7% на годишно ниво.
Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.7%, во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5% , а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.1%.
Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.4%, во секторот Преработувачка индустрија
за 4.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1.1%.