Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 1.0% на годишно ниво.
Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.1%, во секторот Преработувачка
индустрија се на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се
повисоки за 0.4%.
Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.3% и во секторот Преработувачка
индустрија за 1.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 0.3%.