Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2017, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 3.1% на годишно ниво.
Во јануари 2017, во споредба со декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.7%, во секторот Преработувачка
индустрија се на исто ниво, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација за 0.7%.
Во јануари 2017, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18.3%, во секторот Преработувачка индустрија
за 2.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.3%.