Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2017, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.4% на месечно ниво, а повисоки за 3.2% на годишно ниво.
Во мај 2017, во споредба со април 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.3%, а се пониски во секторот Преработувачка
индустрија за 0.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3%.
Во мај 2017, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно,
се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 19.2%, во секторот Преработувачка индустрија за
2.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3%.