Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 3.8% на годишно ниво.
Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.4%, во секторот Преработувачка индустрија за
0.1%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2.6%.
Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 23.4%, во секторот Преработувачка индустрија за
2.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.5%.