Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2018 година, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно се пониски за 0.4 % на месечно, а се повисоки за 0.7 % на годишно ниво.
Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, а се повисоки во секторот Рударство и вадење
на камен за 0.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.
Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.4 % и во секторот Преработувачка индустрија за
0.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2.3 %.