Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски на месечно ниво за 0.1 %, а за 0.5 % на годишно ниво.
Во октомври 2018, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.3 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7 %.
Во октомври 2018, во споредба со октомври 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.5 %