Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.5 %, а за 1.7 % на годишно ниво.
Во април 2019, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.3 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.9 %.
Во април 2019, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.4 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.4 %.