Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.4 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.4 % на годишно ниво.
Во јуни 2019, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1 %.
Во јуни 2019, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.8 %.