Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.4 % на месечно ниво, а се повисоки за 4.6 % на годишно ниво.
Во октомври 2019, во споредба со септември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1.0 %.
Во октомври 2019, во споредба со октомври 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.5 %.