Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 2.2 % на месечно ниво и за 3.3 % на годишно ниво.
Во јануари 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1.5 %.
Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.2 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.6 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4.4 %.