Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се пониски за 1.4 % на месечно ниво, а се повисоки за 0.3 % на годишно ниво.
Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за
1.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3 %.
Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12.0 % и во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 6.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.8 %.