Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.1 % на месечно ниво, а на годишно ниво за 0.3 %.
Во април 2020, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 10.2 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.5 %.
Во април 2020, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 19.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.7 %.