Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Насилната смрт во Република Македонија, 2012 година

петок, 28 јуни 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 10.8% во однос на претходната година и изнесува 584 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.9%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2012 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 72.8%.


Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат "несреќните случаи" со 64.7%, "самоубиствата" со 29.5% и "убиствата" со 5.8%.


Во категоријата "несреќните случаи" на прво место се умрените лица од "други надворешни причини за случајна повреда" со учество од 28.9% во однос на вкупната насилна смрт. На второ место се умрените во "транспортни несреќи" со учество од 17.3% во однос на вкупно умрените од насилната смрт, додека на трето место се умрените лица од "други несреќи при сувоземен транспорт" со застапеност од 12.5% итн.


Кај категоријата "самоубиства" на прво место се случаите кај кои што смртта настапила поради "бесење странгулација и суфокација" со учество од 15.9%, а кај категоријата "убиства" најголемо учество се случаите од "oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје" 2.6% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика