Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Насилната смрт во Република Македонија, 2013 година
четврток, 26 јуни 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година бројот на умрените лица од насилна смрт во Република Македонија е намален за 5.5% во однос на претходната година и изнесува 552 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.9%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2013 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 73.9%.
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат "несреќните случаи" со 65.9%, "самоубиствата" со 30.8% и "убиствата" со 3.3%.
Во категоријата "несреќни случаи" најголемо учество со 26.3%, имаат умрените лица од "транспортни несреќи" во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.
Во категоријата "самоубиства" најголемо учество со 18.3 %, се случаите кај кои што смртта настапила поради "бесење странгулација и суфокација" во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт .
Кај категоријата "убиства" најголемо учество од 1.6%, имаат случаите кај кои што смртта настапила поради "oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје" во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика