Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година во Република Северна Македонија бројот на
умрените лица од насилна смрт е намален за 15.2% во однос на претходната година и изнесува 412 умрени лица.
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.0 %. Во структурата на умрените од насилна смрт
според полот, и во 2023 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 72.8%.
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат ,,несреќните случаи” кои учествуваат со 69.9 %,
,,самоубиствата” со 25.2% и ,,убиствата” со 4.9%.
Во категоријата ,,несреќните случаи, најголемо учество имаат умрените лица од ,, Други надворешни причини за
случајна повреда” со учество од 45.4% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.
Во категоријата ,,самоубиства” најголемо учество имаат случаите кај кои што смртта настапила поради ,,бесење
странгулација и суфокација” со учество од 10.6% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.
Во категоријата ,,убиства” случаите кај кои што смртта настапила поради ,,Обид за нанесување на телесна повреда
со истрел од друго и од неозначено огнено оружје”, има најголемо учество со 2.9 % во однос на вкупниот број на
случаи од насилна смрт.