Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Насилната смрт во Република Македонија, 2014 година

петок, 26 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од
насилна смрт е намален за 10.7% во однос на претходната година и изнесува 493 умрени лица. Умрените од
насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5%. Во структурата на умрените од насилна смрт според
полот, и во 2014 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 74.6%.
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат "несреќните случаи" со 63.1%, потоа
"самоубиствата" со 29.8% и "убиствата" со 7.1%.
Во категоријата "несреќни случаи" најголемо учество имаат умрените лица од "Други надворешни причини за
случајна повреда" со учество од 26.2%.
Во категоријата "самоубиства" на прво место се случаите кај кои што смртта настапила поради "бесење
странгулација и суфокација" со учество од 15.0%.
Во категоријата "убиства" најголемо учество се случаите од "oбид за нанесување на телесна повреда со истрел
од друго и од неозначено огнено оружје" 3.2% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика