Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Насилната смрт во Република Македонија, 2015

четврток, 09 јуни 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица од
насилна смрт е зголемен за 4.1% во однос на претходната година и изнесува 513 умрени лица. Умрените од
насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5%.


Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2015 година
поголемо учество (72.1%) имаат машките лица.


Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат "несреќните случаи" со 70.4%, потоа
"самоубиствата" со 22.2% и "убиствата" со 7.4 %.


Во категоријата "несреќни случаи", најголемо учество (29.2%) имаат умрените лица од "други надворешни
причини за случајна повреда".


Во категоријата "самоубиства", случаите кај коишто смртта настапила поради "бесење, странгулација и
суфокација" имаат најголемо учество со 13.6%.


Во категоријата "убиства", доминантна причина за смрт е "oбид за нанесување на телесна повреда со истрел
од друго и од неозначено огнено оружје" со учество од 3.7% во однос на вкупниот број на случаи на насилна
смрт.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика