Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна
смрт е намалена за 15.3 % во однос на претходната година и изнесува 421 умрено лицe. Умрените од насилна смрт
во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017
година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1 %.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“, со 66.0 %, потоа
„Самоубиствата“, со 26.4 % и „Убиствата“ со 7.6 %.
Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна
повреда“, со учество од 26.1 %.
Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“
имаат најголемо учество со 15.7 %.
Во категоријата „Убиства“, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и
од неозначено огнено оружје“, со учество од 2.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.