Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Насилна смрт во Република Македонија, 2011 година
среда, 27 јуни 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 10.4% во однос на претходната година и изнесува 527 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.7%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2011 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица и тоа 72.7%.
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 70.2%, „самоубиствата“ со 24.3% и „убиствата“ со 5.5%.
Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 30.5%. Потоа следуваат умрените лица во „транспортни несреќи“ со учество од 21.3% и „други несреќи при сувоземен транспорт“ со застапеност од 13.7% во однос на вкупно умрените од насилна смрт.
Во категоријата „самоубиства“, најголемо учество имаат случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со учество од 15.6%, а во категоријата „убиства“, најголемо учество имаат случаите на „обид за нанесување на телесна повреда на неозначен начин“ со 2.3% во однос на вкупниот број на случаи на насилна смрт.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика