Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата, 2009-2013

петок, 25 септември 2015


Државниот завод за статистика оваа година за првпат ги објавува податоците за стоковната размена според
економските карактеристики на претпријатијата. Истражувањето овозможува да се измери учеството
на реалните економски сектори во трговијата, како и надополнување на бизнис податоците со детални
информации за трговијата. Овие податоци овозможуваат анализа на ефектите на меѓународната трговија врз
производството, вработеноста и резултатите на претпријатијата.
Податоците се пресметани според Регулативата (ЕЗ) бр. 471/2009 на Европскиот парламент и на Советот од
6 мај 2009 година, во насока на понатамошно или комплетно хармонизирање на националната статистика
на надворешната трговија со законодавството на Унијата.
Целта на ова соопштение е со споредување на економските информации за претпријатијата со најважните
надворешно-трговски показатели да се добие широк збир на податоци со кои се овозможува детална анализа
на структурата на надворешната трговија.
Соопштението се состои од два дела. Во првиот дел е дадена серија на податоци, 2009-2012 година, на агрегирано
ниво. Во вториот дел е даден приказ на стоковната размена според економските карактеристики на претпријатијата,
2013 година, во форма на табели и графикони, со соодветни коментари на оваа економска област.
Подетални податоци за секоја табела има на веб-страницата на Државниот завод за статистика, во областа
Надворешна трговија.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 654

е-пошта:  katerina.davkova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика