Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Трошоци за заштита на животната средина, 2013
среда, 25 февруари 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2013 година изнесува 7 556 048 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2013, којшто е 499 5991) милиони денари, изнесува 1.5%. Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (43.0%), потоа учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (29.8%) и трошоците за заштита на воздухот (10.4%). Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоците за заштита на животната средина изнесува 53.3%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животна средина изнесува 46.7%. Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во инвестициите за основни средства, коишто изнесуваат 117 3821) милиони денари, изнесува 3.4%. Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5 191 711 илијади денари, односно 68.7%. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 45.6% се наменети за инвестиции, а 54.4% се за одржување на средствата.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика