Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Трошоци за заштита на животната средина, 2014

петок, 08 јануари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната
средина во 2014 година изнесува 6 622 042 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната
средина во БДП во 2014 изнесува 1.3%.
Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што
следува: најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25.2%), потоа
учеството на трошоците за постапување со отпад (17.7%) и трошоците за управување со отпадни води (16.0%).
Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12.8%.
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита
на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на
инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 44.5 %, а учеството на трошоците
за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 55.5%.
Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во вкупните инвестиции во основни
средства изнесува 2.4%.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и
специјализираните производители, 4 895 501 илијади денари, односно 73.9%.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители,
31.5% се наменети за инвестиции, а 68.5% се за одржување на средствата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика