+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, второ тримесечје, 2017 година

петок, 18 август 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, во однос на
истиот период од 2016 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен
за 9.9%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 7.7%,
во приградскиот превоз за 12.5%, во меѓуградскиот превоз за 13.2%, додека во меѓународниот превоз е
зголемен за 17.5%.
Во однос на првото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 6.1%. Според
видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 2.0%, во приградскиот
превоз е зголемен за 9.2%, во меѓуградскиот превоз за 22.8%, додека во меѓународниот превоз е зголемен
за 11.2%.
Во второто тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките
километри во патниот патнички превоз е зголемен за 30.4%. Според видот на превозот, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е зголемен за 32.8%, во приградскиот превоз за 37.2%, во меѓуградскиот превоз
за 7.7%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 49.8%.
Во однос на првото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 13.5%.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 12.0%, во
приградскиот превоз за 12.5%, во меѓуградскиот превоз за 20.6%, додека во меѓународниот превоз e зголемен
за 9.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика