+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје од 2019 година

петок, 21 февруари 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 20 796 илјади во четвртото тримесечје од 2019 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1.7 %, додека во приградскиот превоз е намален за 5.3 %, во меѓуградскиот превоз за 24.2 %, а во меѓународниот превоз за 24.5 %.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз  е намален за 13.2 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1.1 %, додека во приградскиот превоз е намален за 3.4 %, во меѓуградскиот превоз за 23.3 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21.9 %.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика