Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на големо во земјата по групи производи
во 2021 година изнесува 499 242 231 илјада денари.
Во рамките на одделот Трговија на големо, освен моторни возила и мотоцикли, во кој се реализирани 96.8 % од
прометот во вкупната трговија на големо, најголемо учество има прометот остварен од продажбата на фармацевтски
производи со 15.0 %, потоа следи прометот од продажба на цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи
(огревно дрво, камен јаглен, дрвен јаглен, лигнит, моторен бензин, керозин, гасни масла, масла за ложење) со
13.2 % и од производи од тутун со 9.9 %.
Прометот од продажбата на шеќер, чоколада и кондиторски производи, месо и производи од месо, млечни
производи, јајца, масти и масла за јадење, пијалаци, овошје и зеленчук, кафе, чај, какао и зачини, заедно, учествува
со 24.3 % во вкупниот промет во трговијата на големо, освен моторни возила и мотоцикли.
Прометот од одделот Трговија со моторни возила учествува со 3.2 % во вкупниот промет во трговијата на големо,
а во рамките на овој оддел прометот од автомобили и моторни возила (нови и употребувани) од лесна категорија
учествува со 54.0 % и прометот од продажба на делови и прибор за моторни возила (гуми, делови и прибор) учествува
со 30.5 %.
Прометот во трговијата на мало по групи производи во 2021 година изнесува 408 263 279 илјади денари. Во рамките
на одделот Трговија на мало, освен моторни возила и мотоцикли, во кој се реализирани 96.5 % од прометот во
вкупната трговија на мало, најголемо учество од 17.1 % има прометот од продажба на автомобилски горива, потоа
следи прометот од продажба на тутунски производи со 6.5 %, прометот од продажбата на фармацевтски производи
(лекови: фармацевтски производи и препарати – витамини, антибиотици, серуми и вакцини – само за човечка
употреба) со 5.2 %, други прехранбени производи, неспоменати на друго место со 5.2 %, млечни производи со 4.5 %,
кондиторски производи со 4.0 % и производи од месо со 3.8 %.
Прометот од одделот Трговија со моторни возила, мотоцикли, резервни делови учествува со 3.5 % во вкупниот промет
во трговијата на мало, во кој најголем промет е реализиран од продажбата на делови и прибор на моторни возила
во специјализирани продавници, односно 49.5 % и од продажбата на моторни возила (нови) во специјализирани
продавници со 34.6 %.
Прометот во трговијата на мало според региони најмногу е реализиран во Скопскиот Регион, 62.0 %, додека најмал
промет во трговијата на мало е реализиран во Југоисточниот Регион, 3.7 %.
Најголем број продавници во трговијата на мало има во Скопскиот Регион, односно 28.1% од вкупниот број
продавници, а најмал број продавници има Источниот Регион, 7.1 %.