Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Внатрешна трговија
Индекси на прометот во услугите, прво тримесечје од 2019 година
вторник, 25 јуни 2019
Во 2018 година, вкупниот индекс на прометот во услугите, во споредба со 2017 година, на годишно ниво изнесува 102.8, додека по тримесечја индексот во 2018 година се движи од 89.9 во првото тримесечје до 112.7 во четвртото тримесечје.
Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2019 година беше повисок отколку во првото тримесечје од 2018 година за 2.6 %.Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст на прометот во услугите има во поштенските и курирски дејности (за 90.4 %) и кај услугите поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (за 66.1 %). Зголемување на прометот има и кај правните и сметководствени дејности (за 27.3 %) и во заштитните и истражни дејности (за 27.1 %).
Најголемо намалување е забележано во филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма и дејностите на снимање на звучни записи и музичко издаваштво (за 74.9 %).
Прикажаниот тренд во графиконот 1 покажува благо зголемување на индексот на прометот на услугите во периодот помеѓу првото тримесечје од 2014 година и првото тримесечје од 2019 година.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика