Во 2019 година, претпријатијата со над 20 вработени што биле ангажирани во набљудуваните деловни услуги[1]) оствариле над 90% од прометот со обезбедување специјализирани услуги за кои се регистрирани, освен претпријатијата ангажирани за обезбедување проектантски услуги (84.1 %).
Во однос на седиштето на деловниот субјект за кој е извршена деловната услуга, малку повеќе од половината, односно 50.8 % од прометот е создаден со обезбедување услуги за домашните купувачи, 30.8 % во некоја од земјите на ЕУ, а во останатите земји се реализирани 18.4 % од вкупниот промет.
Претпријатијата регистрирани за компјутерски услуги реализирале најголем промет од услугите наменети за странски клиенти (67.9 %), од кои 44.1 % за некоја од земјите на ЕУ. Според видот на услугата, прометот бил реализиран од: компјутерско програмирање 60.0 %, обработка на податоци 15.1 %, компјутерски консултантски услуги 13.9 %, додека 3.2 % од прометот е остварен од трговија со компјутерска опрема и софтвер.
Повеќе од две третини од извршените проектантски услуги се специјализирани во областа на инженерството и техничкото советување (75 %), додека проектирањето на станбени и други проекти учествува со 1.7 % во прометот.
Претпријатијата специјализирани за вршење техничко испитување и анализа оствариле 62.3 % од прометот од други услуги за техничко испитување и анализа, а испитувањето на исправноста на патничките возила учествува со 37.7 %.
Претпријатијата ангажирани за обезбедување рекламни услуги генерирале 49.8 % од прометот од огласување преку медиуми, и тоа најмногу преку продажба на простор/време со надомест или врз база на договор, на ТВ/радио (59 %), односно 15.1 % преку интернет. Рекламните агенции генерирале 63.8% од приходите за рекламирање преку комплетна изработка на реклами, 19.0 % од развој на концепт на реклама, а 11.1 % преку директен маркетинг и доставување рекламни материјали по електронска пошта.
Агенциите за вработување реализирале најголем промет преку посредување за привремени вработувања (58.6 % ), и тоа најмногу за кадар за компјутери и телекомуникации (71.8 %), транспортни, магацински, логистички или индустриски работници (7.4 %) и за помошен канцелариски кадар (5.2 %).
[1] ) Во 2019 година се анализирани: компјутерските, услугите за истражување на пазарот, проектирање, техничко испитување и анализа, рекламирање и услугите за посредување при вработување.