Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Структурни деловни статистики
Деловни услуги, 2018 година
четврток, 30 април 2020
Во 2018 година, претпријатијата со над 20 вработени што вршеле деловни услуги1) го оствариле најголемиот дел од вкупниот промет со обезбедување компјутерски услуги (65.1 %), услуги за посредување при вработување (13.9 %) и услуги за рекламирање (11.7 %). Во однос на седиштето на деловниот субјект за кој е извршена деловната услуга, нешто повеќе од половината, односно 57.3 % од прометот е создаден со обезбедување услуги за домашните купувачи, 36.1 % во некоја од земјите на ЕУ, а во останатите земји се реализирани 6.6 % од вкупниот промет. За домашните купувачи, деловните услуги се обезбедуваат, главно, во областа на посредувањето при вработување, како и во областа на правните и сметководствените услуги. Од друга страна, на купувачите надвор од државата им се обезбедуваат, главно, следниве услуги: консултантските, компјутерските и услугите за рекламирање. Според специјализираниот вид на услугата, претпријатијата регистрирани за компјутерски услуги реализирале најголем промет од компјутерското програмирање, т.е. 67.1 %, од услугите на веб-порталите 7.6 %, додека 6.2 % од прометот е остварен од трговија со компјутерска опрема и софтвер. Претпријатијата што вршат услуги за посредување при вработување остваруваат најмногу промет од посредување при вработување кадар за компјутери и телекомуникации, односно 63 %, за помошен канцелариски кадар 7.9 % и 7.5 % за медицински персонал. Деловните субјекти што се занимаваат со рекламирање оствариле 80.5 % од прометот со изработка на комплетна реклама, 11.5 % од директен маркетинг и доставување рекламни материјали по електронска пошта и 7.9 % за развој на концепт за реклами.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика