Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, вкупниот улов на риба изнесувал 2 056 791 кг
и во однос на 2021 година е поголем за 7.5 %.
Од вкупниот улов во 2022 година, 82.6 % се ладноводни риби, а 17.4 % се топловодни риби. Во однос на 2021 година,
уловот на риба е зголемен за 7.5 % и кај ладноводните и кај топловодните риби.
Производството и уловот на риба се од аквакултурно производство и изнесуваат 88.2 %, стопанскиот риболов е
застапен со 9.98 %, а рекреативниот улов само со 1.82 %. Во 2022 во однос на 2021 година, кај сите други, освен кај
аквакултурното производство, забележано е зголемување на уловот на риба.
Во 2022 година биле произведени 130 милиони парчиња икра со вкупна тежина од 190 921 кг, што е зголемување
за 51.9 % во однос на 2021 година. Во 2022 година, производството на икра за подмладок е зголемено за 17.1 %. Од
видовите риба како подмладок најмногу се одгледува виножитната риба.
Според начинот на одгледување риба, како објекти најмногу се користат рибници, базени, канали и кафези.
Бројот на вработените во производството на риба во 2022 година изнесува 225 лица, од кои 195 се мажи. Во 2022
година, со рекреативен риболов се занимавале 8 673 лица, од кои само 81 жена.
Ревизија на податоците за 2021 година
Како резултат на дополнително доставување податоци од извештајните единици, Државниот завод за статистика ги
ревидира податоците за 2021 година. Според овие податоци, вкупниот улов на риба изнесувал 1 913 926 кг и во однос
на 2020 година е помал за 3.8 %.
Ревидираните податоци се објавени и во базата на податоци МакСтат.
Методологијата за статистиката на риболовот и аквакултурата е во согласност со Регулативата (762/2008) на Европскиот
Парламент и на Советот на Европската Унија.