Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 102.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември
2022 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2023 година, во однос на
септември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 15.7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4.3 %,
Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека
кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на
периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 101.1.