Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, октомври 2024 година

понеделник, 02 декември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 96.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст од 4.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.1 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 3.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.6 %, Капитални производи за 1.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 100.6.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика