+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, март 2019 година

вторник, 30 април 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 99.2.

Бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пад од 0.9%, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.4%, а во секторот Рударство и вадење на камен пораст од 0.4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2% и Капитални производи за 9.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7%

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - март 2019 година , во однос на периодот јануари - март 2018 година, изнесува 100.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика