+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, септември 2019 година

четврток, 31 октомври 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 98.4.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пад од 3.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пад од 1.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 98.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика