+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на бројот на работниците во индустријата, јануари 2011 година

петок, 11 март 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, за прибирање и обработка на податоците за бројот на работниците во индустријата ја примени новата Национална номенклатура на индустриски производи (ННИП) 2008, а за пресметка и објавување на индексите на работниците во индустријата, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). За да се обезбеди временска серија со споредливи податоци, месечните индекси на работниците во индустријата, од 2005 до 2010 година, се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 99.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, е зголемен за 3.6%, во Преработувачката индустрија е намален за 0.8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 2.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика