+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Бројот на работниците во индустријата во март 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, намален за 6.5%

четврток, 29 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 93.5.

Бројот на работниците во секторот Вадење на руди и камен во март 2010 година, во однос на март 2009 година, е намален за 7.6%, во Преработувачката индустрија е намален за 6.8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 2.3%.

Бројот на работниците во индустријата во Република Македонија во март 2010 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 16.0%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - март 2010 година, во однос на периодот јануари - март 2009 година, изнесува 92.9





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика