Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Во 2009 година, 425 лица го стекнале звањето магистер на науки и специјалист

понеделник, 15 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 425 лица од кои 412 или 97% се магистри и 13 лица или 3% се специјалисти. Тоа претставува зголемување за 56.3% во споредба со 2008 година.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на магистрирани лица кои стекнале научен степен магистер на науки во 2009 година изнесува 56.6%.

Во 2009 година, најголем број од магистерските трудови, 217 или 52.7%, се од областа на општествените науки, 18.4% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, медицинските и биотехничките науки.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 713

е-пошта:  marina.mijovska @stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика