Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Магистри на науки и специјалисти, 2021 година

петок, 25 март 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1976 лица, од кои 1727 или 87.4 % се магистри и 249 или 12.6 % се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2020 годинa, е зголемен за 12.4 %.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2021 година е 59.6 %.

Во 2021 година, најголем број од магистерските трудови, 558 или 32.3 %, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 22.2 % се од областа на општествените науки, новинарството и информирањето, следат инженерството, производството и градежништвото со 15.9 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика