Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, звањето магистер на науки и специјалист го
стекнале вкупно 1828 лице, од кои 1624 или 89 % се магистри и 204 или 11 % се специјалисти. Бројот на магистри и
специјалисти, во споредба со 2023 година, е намален за 2.9 %.
Учеството на жените магистри, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2023 година
е 59.8 %.
Во 2023 година, најголем број од магистерските трудови, 624 или 38.4 %, се од областа на бизнисот, администрацијата
и правото, 21.6 % се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените
науки со 11.9 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.