Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица,
што претставува намалување за 11.7 % во споредба со 2022 година.
Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите бизнис, администрација и право, потоа 20.7 % во
здравство и социјална заштита, следат општествените науки, новинарството и информирањето со 13.8 %, уметноста
и хуманистичките науки со 12.1 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.
91 жена одбранила докторска дисертација во текот на 2023 година, што претставува 52.3 % од вкупниот број лица
што докторирале во истата година.
Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 21.2 %, ја вршат својата професија во
образованието.