Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, aвгуст 2020 година

понеделник, 28 септември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.8 % на месечно ниво и за 0.8 % на годишно ниво.

Во август 2020, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5.3 %, Капитални производи за 0.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.

Во август 2020, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика