+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, септември 2021 година

четврток, 28 октомври 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.1 % на месечно и за 10.6 % на годишно ниво.

Во септември 2021, во споредба со август 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 3.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %,  Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 %, Капитални производи за 0.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %.

Во септември 2021, во споредба со септември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 21.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 18.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 5.1 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 % и Капитални производи за 1.4 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика