Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2022 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.6 % на месечно и за 18.5 % на годишно ниво.
Во февруари 2022, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6
%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %.
Во февруари 2022, во споредба со февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 33.2 %, Интермедијарни производи, освен
енергија за 22.1 %, Капитални производи за 35.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.5 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 9.9 %.